Поранешниот пратеник на ВМТО-ДПМНЕКрсто Мукоски, кој ги поддржа уставните измени, а потоа гласаше и за промена на името на Република Македонија, а за послушноста беше амнестиран за случувањата на 27 април, целосно исчезна од политичката сцена. Но не и од доходовните бизниси со државата.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, во јануари годинава друштвото „Атриум“ склучило договор со АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, или поранешен ПИУК, за тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува друштвото во државна сопственост, пишува Фокус.

 

Покрај тоа, „Атриум“ кон крајот на ланската 2021 година склучила и два договори со Министерството за образование. Едниот за реконструкција во ОУ „Никола Карев“ во Кочани, чија вредност е над 9 милиони денари. Другиот, пак, за комплетна реконструкција на ОУ „Сандо Масев“, село Добрејци, Општина Струмица, и неговата вредност е 6,7 милиони денари, пишува Фокус.


Извор: Фокус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.