Поранешниот пратеник Крсто Мукоски ја поблече тужбата Судот за човекови права во Стразбур, во која, иако беше амнестиран за случајот, бараше оштета за апсењето и притворот за „27 април“. Апликацијата на почетокот на годината му беше прифатена, и стигна до фаза кога Владата се изјаснила дека нема да се спогодат и ќе одат на судење.

За мене лично доволно беше мојата тужба да биде прифатена од Судот во Стразбур, а понатака немам намера да водам спор со сопствената држава и да барам било какво обештетување. Затоа донесов таква одлука, изјави Мукоски за „Фокус“.

Адвокатите Михаил Кичеец и Игор Кичеец за порталот изјавиле дека од Стразбур бараат дополнителни информации за мотивот за повлекување и дека дополнително ќе се произнесат по ова барање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.