Jавностa жестоко реагираше на вклучувањето на пратеникот Крсто Мукоски во македонската делегација која вчера во Рим го чествуваше Св. Кирил и Методиј и присуствуваше на аудиенцијата кај Папата Фрнациско во Светата столица во Ватикан.

Социјалните мрежи буквално зовреа од критика и негативни коментари, прашувајќи дали мора да се иритира јавноста и тој да биде дел од државната делегација.

Мукоски беше дел од собраниската делегација предводена од претседателот Талат Џафери.

Во делегацијата имаше претставници на сите пратенички групи во Собранието, а Мукоски беше претставник на Независната пратеничка група на Вмро Дпмне, која практично е составена од пратеници на оваа партија против кого се водеа кривични постапки , но потоа беа амнестирани во замена за гласови за Договорот од Преспа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.