Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на телевизија 24 зборуваше за блокадата која ја најави Бугарија кон Македонија каде посочи дека владата на СДСМ и дозволува на Бугарија да се постави во ваква состојба.

Не е наше да зборуваме што прави бугарската страна. Ние треба да ги заштититиме нашите национални интереси. Јас жалам што ние имаме една влада во последните 3 години создаде пракса на надворешно политичко однесување кое што по мене сега и дозволува на бугарската страна да се постави вака во овие состојби, така да проблем е што мислам дека нема план и стратегија како да пристапи кон ова прашање, нема желба за консензус и тоа што ќе се бара повторно како што се случи тоа со Грција консензус по секоја цена на штета на националните интереси. Тука е проблематичниот однос, истакна Муцунски.

Муцунски се осврна и на заклучоците од Самитот во Загреб каде што истакна дека попустливата надворешна политика не доведе до оваа ситуација.

На тој Самит му претходеше и Самит на Европската Народна партија каде присуствуваше претседателот Мицкоски и потпретседатело Николоски каде практично се изгради една рамка каде што гледам понатаму беше усвоена како и заклучоци на самитот кој што подоцна се одржа на шефови на држави и влади. Очекувано целиост свет е обремен со состојбите поврзани со Ковид 19 и политиката нема главно значање. Да се надеваме дека бројките ќе паднат, а после следуваат сериозни економски процеси, следува процес на отварање на шенген зоната што е најзначајно и за нашата трговија така да прашањата од таа област беа во прв план, имаше одредени заклучоци поврзни со земјите од Западниот Балкан и од гледна точка на некоја европска извесност, наведување на одредени приорите каде што има слабости поврзани со владеење на правото, високата корупција и ние си ги знаеме проблемите затоа што кај нас се на високо ниво, вели Муцунски.

Тој додава дека дефитивно за нас беше разочарување што немаше некоја дополнителна потврда односно се надеваме на што попозитивен исход.

Станува очигледно дека преку тој заклучок начинот на кој што е формулиран но не сме умуни на прес конференцијата која што следеше на Борисов дека тоа билателарно прашање веројатно ќе биде значајно во врска со македонскиот напредок на патот кон членство во ЕУ, нешто кое ние подолго време го зборуваме, а тоа е дека попустливата надворешна политика од последните три години не доведе до оваа ситуација во која што сме, а моторен факт станува и тезите на СДСМ дека се решени сите отворени прашања со соседите. Благ збор ќе искористам дека во 21 век е чудно да се отвара тема на јазик, на историја. Една работа која не се напомена, а го има во тоа мислење дадено од бугарската влада е прашањето за македонското малцинство во Бугарија односно како Македонија ќе се однесува кон своето малцинство надвор од своите граници. По мене таков тип на прашања не соодвестуваат со тие цивилациски вредности на 21 век, истакна Муцунски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.