Во дневникот на МРТ интервју имаше Тимчо Муцунски висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека нов закон за јавно обвинителство за да добие Македонија се сто процентни шансите доколку се работи според Уставот и законите.

Да донесеме закон за кој што крајна оценка за него ќе го дадат неполитичките субјекти туку врвните експерти што ги имаме од областа на Уставното парво, казненото, материјално и процесуално право, луѓето кои што работат во фелата на обвинителите, судиите, невладиниот сектор. Дајте да ги вклучиме сите релевантни субјекти и да видиме дали навистина ова решение е реформско и што можеме да направиме да го подобриме истото. Тоа ВМРО-ДПМНЕ го предлага веќе подолг период , што е можно повеќе да ја отвориме оваа јавна расправа, образложи Муцунски.

Муцунски додаде дека сака да појасни дека ВМРО-ДПМНЕ ангажираше голем број независни и непартиски експерти, најквалитетните што ги има оваа земја и дадоа многу сериозни забелешки за содржината на овој закон. И ВМРО-ДПМНЕ е подготвено забелешките да ги презентира, а дел беа презентирани и од Мицкоски пред јавноста.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.