Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ во Собранието, во своето гостување во емисијата „Топ тема“ рече дека многу се доцнело со процесот на создавање на работните тела и поради тоа не може да се зборува за европски права и искуства, но треба да сме свесни дека нашата држава се соочува со пандемија и видовме дека Владата не е подготвена за предизвиците во образованието.

Според Муцунски има многу сериозни финансиски и економски импликации кои ја чекаат земјата и во таа смисла срамно беше што се чекавме месец дена за да може да профункционира Собранието.

Во мојот прв пратенички мандат јас сум разочаран за степенот на кој што се одвива политичкиот дискурс во Собранието и мислам дека тоа придонесува на намалување на довербата на нашите граѓани и во политичкиот систем и во сите политички партии бидејќи за жал наместо ние да дискутираме за креирање на политики, ние некако во Собранието како да се занимаваме со дневна политика – истакна Муцунски.

Тој во своето гостување порача: На сите седници до сега како да преовладуваше тој тоналитет и тој однос многу негативен, а не суштинска дебата и дискусија за што треба да се направи за побрзо да се решат проблемите кои што ги имаат граѓаните пред се земајќи во предвид се што се случува поврзано со негативните импликации кои што до сега ги има од пандемијата но и тоа што веројатно ќе се очекува во следниот период.

Така да конечно дојде време, но со задоцнување каде се формираа работните тела и ајде да биде ова пратенички состав кој што навистина ќе се занимава со решавање на огромниот број на акумулирани проблеми кој што преовладуваат во секоја сфера на нашето општество – додаде Муцунски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.