Европската десница, пред се тука би ги ставил шефовите на држави коишто се застапници на европската десница, доколку го следиме спорот со Бугарија, се меѓу најпринципиелните поддржувачи на македонскиот пат кон Европската Унија. Тоа особено во последниот период ако ги погледнете изјавите на Хрватска и Австрија ќе видите принципиелен пристап при што се нагласува дека евроинтеграцискиот пат треба да биде врз основа на европски вредности – изјави за „Тема на денот“ во дневникот на Сител, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Тој истакна дека таква изразена поддршка ние немаме од социјалистичките влади, туку имаме од партиите кои се дел од ЕПП и важно за нас е дека ЕПП без никаков сомнеж укажува постојано принципиелно дека е потребно веднаш врз основа на европски вредности да се отворат пристапните преговори.

Во врска со спорот со Бугарија и кочењето на европските интеграции Муцунски истакна дека проблемот е всушност создаден од една попустлива надворешна политика на владата која не нуди решенија, стратегии и резултати во интерес на Македонија.

Дури имаме ваква влада, ваков тип на влада во Софија тешко дека ќе дојдеме до решение. Бугарија има неевропски ставови кои пречат на интересите не само на Македонија туку се спротивни на интересите на регионалната безбедност и кредибилитетот на ЕУ – изјави Муцунски.

Тој одговори и на нападите на СДСМ за Резолуцијата на ЕПП потенцирајќи дека СДСМ немајќи реформи се труди да бара изговори преку напади кон ВМРО-ДПМНЕ, но и факт е дека ветото на Бугарија е заради договорот кој го потпиша владата предводена од СДСМ.

Тоа е политичка партија која има сериозни внатрешни проблеми и не може да ги испорача реформите и клучните ветувања за резултати на проевропскиот пат и затоа бараат вакви изговори да го нападнат ВМРО-ДПМНЕ.  Факт е дека Бугарија при секое вето кажува дека тоа го прави заради неисполнување на Договорот за добрососедство, а токму тој договор кој го создаде проблемот е потпишан од владата на СДСМ, и ако ги прашате СДСМ велат дека тој договор е добар. Значи Договорот кој е во проблем и заради кој Бугарија укажува дека заради тој договор става вето – истакна Муцунски.

Тој нагласи дека СДСМ е загрижено од говорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Конгресот на ЕПП пред сите лидери на ЕПП каде што недвосмислено кажа дека Македонија е нападната во делот на своите идентитетски и јазични права.

Нашите средби со лидери од ЕПП кои даваат поддршка за почеток на преговорите Во Резолуцијата на ЕПП меѓу другото се наведува злоупотребата на институциите во Македонија од страна на власта зад а се нападнат опозициски групи и поединци. Друго што укажува дека владата спроведува реформи само на зборови а не на дела. Не е само став на ВМРО-ДПМНЕ дека нема реформи и дека граѓаните живеат посиромашно туку објективно лидери на големи европски партии стојат на тој став – истакна Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.