Институциите за борба против корупцијата треба да почнат вистински да се борат против високата корупција застапена во секоја пора на општеството, а за безбедноста на храната си има институции кои ќе се грижат, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

Во последната недела имаше повеќе од четири скандали на висока корупција, а од страна на институциите на владата имаше молк и негирање, од страна на Јавното обвинителство како и што сме навикнати во последните години веројатно нема ни предистрага, ни истрага, ни никакво постапување, вели пратеникот Муцунски.

Муцунски рече дека за високата корупција единствено се заинтересирала Антикорупциската комисија.

Но, тие кои што се најодговорни, Јавното обвинителство, треба сериозно да се зафатат и да си ги преземат обврските кои што ги имаат според закон и да почнат да постапуваат против вистинската корупција, истакна тој.

За справување со корпуцијата Муцунски смета дека проблемот треба да се реши со примената на законите.

Имаме добра законска рамка за борба против висок криминал и корупција. Првиот проблем којшто го имаме е примената на тие закони, и тоа граѓаните најдобро го знаат. Знаат дека она што го гледаат на хартија не е исто со она со што се соочуваат кога имаат потреба од институциите и системот, рече Муцунски во радиогостување.

Муцунски нагласи дека е потребно политичарите да ги тргнат рацете од правосудниот систем и јавната администрација и да покажат дека самите институции може да постапуваат независно без никакво влијание од страна на политичките партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.