Примарната иделогија на ВМРО-ДПМНЕ е Република Македонија и како политичка партија ги користат сите механизми за да се дојде до информација што точно се случува, рече вечерва Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ . Посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ работи и ќе продолжи да работи на заштита на националните интереси.

Примарната идеологија на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е Република Македонија. Тоа е примарниот концепт врз кој се движи нашата партија , секое негирање на тој дел од тој наш идеолопки постулат значи дека ние мораме да направиме се што е во наша можност да го одбраниме истиот, кој ќе бидат механизмите ќе се одличи со текот на врмето. Јас на крајот од денот би посакал да нема еден таков развој, секој би поздравил квалитетен договор кој што ги заштитува нашите национални интереси, да видиме времето што ќе покаже. Ние како политичка партија во овие моменти ги користиме сите механизми кои ги имаме на располагање да дојдеме до кредибилни информации за што се случува, тоа го правиме во Собранието, но очигледно дека ќе има некоја брза динамика и брз развој и секако ќе работиме на поза на заштита на националните интереси и нема да дозволиме на било кој начин да биде чепнат македонскиот национален идентитет, рече Муцунски во своето гостување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.