Недозволиво е во 21 век политичари да преговараат за права кои се неотуѓиви, како што правото за јазикот, идентитетот…, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вечерашната „Само Вистина“, говорејќи за интервјуто на премиерот Зоран Заев.

Би сакал примерно да кажам две работи. Прво ние како политичари треба да бидеме свесни за одговорноста на секој еден наш јавно искажан збор. Таа одговорсност по мене посебно во оваа ситуација има два елементи. Одговорноста на едни вакви специфични изјави кои што ќе ги толкуваме веројатно понатаму може да имаат негативни импликации врз меѓународните позиции на државата но и дополнително да развијат сериозни фрустрации и многу длабока разочараност кја нашите граѓани. Значи тоа е прво нашата свест за оваа ситуација но и општо како политичари на секој наш јавен настап. Јас би рекол дека е недозволиво во 21 век политичари да преговараа за права кои се неотугиви, таквите права се поврзани поврзани со јазикот, таквите права се правата поврзани со напиот идентитет кои се на ниво на меѓународното право регулирани. Недозволиво е ние да си дозволиме да преговараме со која и да е држава, тоа е навредувачки, рече Муцунски

Се огради дека како политичар би можел релевантно да зборува за работата на мешовитата македонско-бугарска комисија, и посочи дека за историјата може да дискутираат само историчарите.

Не може политичари да толкуваат и да влијаат врз современа историографија. Улогата за толкувања, дебата, дискусија за историјата е на тие кои се компетентни, историчарите и во рамите на науката тие може да дискутираат, но нотурните факти посебно во современата историја која не е воопшто далечна, кои се општо прифатени на енкое европско глобално цивилизациско ниво ние како политичари колку и на некого тоа да делува примамливо во одреден момент немаме апсолутно никакво право да ги толкуваме на таков начин, додаде Муцунски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.