Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изрази огромно задоволство при отворањето на младинската политичка конференција на тема „Западниот Балкан во контекст на безбедносните и економски предизвици предизвикани од кризата во Украина“, што е организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и ЕДС која е најголемата студентска организација во Европа.

Сметаме дека на овој настан придонесуваме кон добрата соработка со европските земји бидејќи сите претставници тука се или од земји членки на Европската Унија или од земји кои претендираат да станат некој ден членки на ЕУ, изјави Муцунски.

Тој истакна дека младите од ВМРО-ДПМНЕ праќаат порака дека тие стојат зад принципиелно членство на Македонија во Европската Унија, базирано на вредности, базирано на правила и принципи.

Исто така радува што овој настан се реализира и со огромна поддршка на фондацијата Конрад Аденауер, верен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, партнер кој постојано вложува во градење на капацитетите на нашата политичка партија, додаде Муцунски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.