Фута Радуловиќ, сопруг на една од најпознатите српски текстописци Марина Туцаковиќ се најде на листата на сведоци на првообвинетиот Бојан Јовановски. Тој треба да сведочи следната недела на предлог на одбраната.

Според нашите сознанија , Бојан Јовановски и Фута имале заеднички естраден бизнис , а згора на тоа Боки е добар пријател со неговата сопруга Марина.

Нивниот син пак живее во Скопје и е вклучен во македонската естрада. Според нашите информации, еден ден, или можеби истиот ден кога Боки и Кичеец биле во домот на Орце Камчев а тоа е 20 февруари 2019 година, Јовановски заминал во Белград кај Фута.

Фута пак, врз основа на заедничкиот естраден бизнис на Бојан му дал извесна сума на пари, меѓутоа износот не е познат. Од Белград, Боки со неговата мајка и кумата судијката Мери Дика заминале за Милано.

Неизвесно е со кои пари го вршел шопингот во Милано, дали со тие на Камчев или добиените од Фута.
И токму тука се гледа намерата на одбраната на Боки која сака да докаже дека Боки всушност од Камчев.
Според фискалните сметки презентирани како докази од страна на Обвинителството на шопингот во Милано биле потрошени 148.000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.