Се чекаат резултатите од Судска медицина кои ќе ја откријат причината за смртта на 11-годишниот Илче од Охрид, чија потресна приказна со месеци ја брануваше јавноста.

Откако помина неколку дена во детската клиника, во август Илче беше згрижен во мал групен дом во Демир Капија, каде вчера попладне починал.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека детето починало ненадејно и дека неговото тело ќе биде дадено за обдукција.

Со жалење информираме дека единаесетгодишниот И.В. синоќа ненадејно почина во Групниот дом при Специјалниот завод Демир Капија, во село Корешница, Општина Демир Капија. Детето беше примено во Групниот дом на 7 август оваа година. Неговата здравствена состојба изминатиов период беше стабилна и постојано беше под надзор на стручни лица. Смртта синоќа настапила ненадејно и по налог на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција, велат од Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.