Во време кога штрајкот на просветните работници е ставен во мирување, Владата одлучи на негoвателките во градинките да не им исплати плата, алармира Левица. После обидите за прекинување на штрајкот, притисоците, уцените и убедување на родителите да се свртат против просветните работници, велат од Левица, Владата им заби нож во грб на најнезаштитените и тоа во време кога одлучија да седнат на преговарачка маса.

До Левица стигнаа реакција од негувателки во градинките дека по наредба на Министерството за труд и социјална политика, за периодот додека траеше штрајкот да не им се исплатат платите!?! Како да не беше доволно што вршеа притисоци, упатуваа закани и уцени, беа издавани списоци и директорите царуваа со нивните познати методи за на крај да им се одмаздат на најкревките, тие што ги чуваат нашите дечиња кога се најмали. Како ќе продолжи штрајкот со вакви подмолни постапки и како ќе се осмелат да дигнат глас тие што се најзагрозени? Цените во продавниците се зголемија повеќекратно, а платите останаа исти. Владата ја интересираат само “проекти” од кои се полнат нивните џебови, не ја интересира обичниот човек и неговите маки, реагираат од Трудовиот сектор на партијата.

Додаваат дека наместо веднаш по најавата за штрајк да седнат на маса и да се обидат да ги исполнат барањата на работниците, Владата смислуваше секакви изговори за инфлации, пропусти во образованието, револт на родителите и незнаејќи што да направи следно, одлучи да ги казни негувателките во градинките.

Неисплаќањето на плата за време на штрајк е најнечовечното нешто што не смее да го направи ниту една Влада.

Пораката која им се испраќа на работниците е дека ќе има санкции за сите што ќе штрајкуваат во иднина, иако правото на штрајк е уставно загарантирано право на работникот.

За да биде иронијата поголема, ваквото поведение го промовира токму Министерството за ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, министерство надлежно да ги штити и унапредува работничките права и да биде праведен арбитер и креатор на социјалните политики во државава.

Продолжете така, но не заборавајте колку повеќе нè угнетувате толку сме посилни!, порачаа од Левица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.