Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје известува за можноста за добивање Меѓународна парламентарна стипендија (ИПС) од Бундестагот за 2022 година.

Млади дипломци од Источна и Југоисточна Европа, Франција, Израел, САД и арапските земји добиваат можност да хоспитираат кај пратеник во германскиот Бундестаг и на тој начин преку теорија и пракса да го запознаат германскиот парламентарен систем – објави Министерството за образование и наука.

Програмата трае од 1 март до 31 јули 2022.

Меѓу другото, предуслов за избор се одлични познавања на германскиот јазик и политика, општество и историја.

Рокот за пријавување е 31 јули 2021, а дополнителни информации се достапни на www.bundestag.de/ips или  www.skop.diplo.de.

Апликациите треба да се достават до Германската амбасада во Скопје на мејлот [email protected]која го прави првиот избор. Избраните кандидати ќе бидат поканети во Амбасадата на интервју со комисија од Бундестагот на Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.