Во август ќе се знае дали ќе има ограничувања за невакцинираните граѓани.

Ова денеска го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Доколку има мерки тие ќе бидат со цел да се заштити вакцинираното население.

„Видовме во изминативе години што значи да нема вакцина за една болест, какви рестрикции, полициски часови. Гледаме и следиме примери и од другите земји, има приватни компании кои едноставно сакаат вработените да им се вакцинирани за да може нормално да функционира работниот процес, а ние ќе го штитиме јавното здравје со тоа што евентуално би вовеле такви мерки таму кај што има можност за масовни собири, јавни настани, можеби влез за некои јавни места“, изјави Филипче.

Вели дека во овој момент имаме највисока стапка на вакцинација споредено со многу земји во регионот, но и во овој дел на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.