Можен е договор на лидерската за одложување на пописот, рече за „Телма“ премиерот Зоран Заев пред почетокот на лидерската средба.

Денешната средба на лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ Заев и Мицкоски се одржува во Клубот на пратеници.

Покрај за пописот на средбата ќе се разговара и за пандемијата, вакцинирањето, а ќе се отворат и прашањата за влада и измени на Изборниот законик околу набавката на апарати за отисок на прст за гласање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.