Му пречи ли некому во државата, но и н адвор од неа македонската химна?! Се подготвува ли нова државна химна во која ќе ги нема имињата Македонија, Гоце Делчев… Ова сепрашањата кои денеска се поставуваат, откако, случајно или не, на вчерашната прослава во Американската амбасада во СКопје, Тамара Тодевска испеја некоја нова верзија на македонската химна.

Актерот Тони Михајловски напиша дека не би би изненаден доколку се подготвува нова химна, зошто во актуелната го има зборот „Македонија“ премногу.

Мене омилена строфа се уште ми е “Не плачи Македонијо, мајко мила, крени глава гордо високо”. Во таа строфа јас, некако ја слушав пораката од предците, и решението за иднината. Да престанеш да плачеш, и со крената глава, прауд шо би рекле, да се фатиш во костец со сите предизвици и борби за Македонија и Македонците. Но таа строфа одамна не се пее. Ја исфрлија и тоа со указ, чинам.

Легендата вели дека имало друга химна пред оваа, дека стихот “од гроб станаа славните ѕидари на Крушевската Република” е заменет со познатиот “Од ново сега знамето се вее на Крушевската Република”, дека Никола Карев е исфрлен од оваа химна.

Можеби ќе звучи страшно, но нема да ме изненади ако се појави предлог за нова химна на најновата држава на Балканот. Можеби веќе некаде, некој музичар полицаец, ги “везе” нотите и зборовите за северната папазјанија, од едноставна причина што во официјалната химна се уште има многу Македонија. Многу повеќе одошто тие, и нивните пријатели околу нас, можат да поднесат – напиша актерот Михајловски на својот фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.