Да се слави на отворено. Може свеќичка да запалиме и пред нашите згради на отворено за Велигден. Исто така може да се празнува и и со почитување на мерките со цел заштита на здравјето и животите на нас и нашите блиски. Треба да внимаваме – апелираше премиерот Зоран Заев на денешната прес-конверенција на Економско-социјалниот совет.

Заев, како што рече, ќе слави во Струмица во кругот на семејството.

Ќе направам прошетка на ридовите околу Струмица, во паркот и главно ќе бидам дома во дворот со моите. Учесник сум и на крводарителска акција која ќе се одржи за време на празниците, каде ќе ја видиме реконструирана трансфузиологија на Струмица и ќе поминам во кругот на семејството, рече Заев.

Тој рече дека веќе е разговарано и со претставниците на верските заедници кои се обврзале дека ќе внимаваат на мерките заради заштита на населението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.