Иако по направените испитувања во МАНУ од Министерството за здравство тврдат дека досега во Македонија не е откриена британската мутација на коронавирусот, според професорот Никола Пановски не е исклучена можноста овој тип да е присутен и во земјава.

Не можеме да тврдиме дека не е присутен, но и ако е така во секој случај не можеме да спречиме да дојде. Второ не е посмртоносен, тоа е многу важно, но повеќе се шири. Не значи дека утре одма од Србија ќе почнат да се јавуваат многу случаи. Туку ќе треба неколку недели, месеци за да тој преовладее, ако е тој главниот. Ако се само 10 поценти од вирусот од тој тип нема да се осети. Меѓутоа ако тој преовладее. Ако стане доминантен не дај боже ќе треба други мерки. Ако сега репродуктивниот број е 1 или нешто под 1. Змислете ако денес имаме 400, по две недели ќе имаме 680, па за 5 дена 1000 случаи дневно. Гледате како брзо се движи.. Брзо ќе развиеме колективен имунитет, но ќе имаме и многу голем број смртни случаи како што има сега Велика Британија, ќе се вратиме на 50 смртни случаи дневни, ако се прошири, изјави за „Сител“ проф. д-р Никола Пановски, од Институтот за микробиологија.

Најдобра превенција ќе биде вакцинацијата – категоричен е микробиологот. Според професорот досегашните податоци покажуваат дека вакцината делува и на британската мутација која само во многу мал број случаи предизвикала реинфекција ако некој прележал Ковид, но немал антитела.

За сега ова помалку е познато за Јужноафриканскиот тип.

Би требало да делува вакцината. Тоа не е докажано, но ако не спречува би требало да предизвикува реинфекции, но тоа не се случува, додаде професорот Пановски.

Професорот Пановски вели дека досега не е забележана мутација на коронавирусот која ќе биде помалку пренослива и постепено ќе исчезне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.