Погледот што го фрлил премиерот во заминување Зоран Заев во агендата за да се потсети кога го пријавил „Рекет“ не го задоволи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за да му поверува дека навистина го сторил тоа.

Николоски, кој околу една недела го повикува Заев да приложи доказ дека го пријавил рекетот, останува на ставот дека постои јасна процедура како се пријавува дело во Јавното обвинителство и дека за секоја пријава постои белешка, која Заев, инаку транспарентен и отворен, ја нема и затоа нема што да прикаже пред јавноста транспарентно и отворено.

После недела дена јавен притисок Зоран Заев само го потврди тоа што јас цело време го тврдам – пријава за Рекет од страна на Зоран Заев нема! Да имаше Заев ќе ја покажеше белешката од пријавата! Нагласувам согласно Законот за кривична постапка член 274 став 3 кој вели дека доколку пријавата се поднесува усно за истата се составува записник, а доколку е телефонски се составува службена белешка, мора да има записник или службена белешка од пријавата, истата треба да е потпишана од Заев како пријавител и надлежен обвинител. Од истата Заев како пријавител би требало да добие копија. Може ли да ја видиме пријавата? Очигледно не може зашто ја нема. Разговор со обвинител на улица или во нечиј кабинет не е пријава. Се знае како се пријавува и се знае како е процедурата јасно согласно Законот за кривична постапка. Се распрснува уште еден меур на лаги, исто како што денес се распрсна тоа дека Боки 13 нема ништо со СДСМ. Имал и тоа многу ете дома му биле на гости цело раковоство на СДСМ од Шекеринска, преку Филипче, до Градоначалникот на Карпош и многу останати. Факт е дека Заев не го пријавил Рекет, како што е факт дека цел врв на СДСМ бил во тесна релација и координација со Боки 13, му одговори Николоски на Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.