На првата прес-конференција во врска со изборите, МОСТ информира дека е регистриран еден проблем во општина Студеничани каде едно лице одбива да ја отвори просторијата каде што треба да се гласа.

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи, освен ГМ 2344 во општина Студеничани поради тоа што лицето кое има клуч од просторијата во која е сместено ГМ одбива истата да ја отклучи. Останатите набљудувачи се на избирачките места и досега не забележале проблеми при набљудувањето на процесот, велат од МОСТ и додаваат:

Потенцираме дека набљудувач на МОСТ е единствено оној граѓанин кој носи жолта маичка на која на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано “Monitoring 2019“, поседува акредитација од ДИК и овластување од МОСТ исклучиво за овие избори!

Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на референдумот МОСТ ќе и ги соопшти на јавноста во уште три наврати, и тоа во 11:00 часот, во 14:00 часот и во 19:00 часот, а дополнително ќе биде објавен терминот на последната прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ програмата за одѕивот и распределбата на гласовите“, изјавуваат од МОСТ

Инаку граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање за избор на нов претседател
на државата го следи со над 1.500 набљудувачи.

Претседателот на МОСТ,  Дарко Алексов информираше дека според информациите од терен, сите гласачки места се отворени навремено и без проблеми, освен во Студеничани.
Истакна дека на едно од гласачките места во село Прибилци е забележан графит со навредлива содржина, што бил исцртан минатата ноќ.
Имено, Алексов посочи дека во гласачко место во село Рич било прекинато гласањето во времетраење од околу 50 минути, поради прекин на работата на УВ-ламбите.
Нашиот систем е составен од неколку нивоа на проверка, во текот на целиот ден ќе излагаме со проверени и потврдени информации – нагласи претседателот на МОСТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.