„Основната функција на Фондот за здравство е загрозена. Да не се излезе во јавност, и да се објасни каде е проблемот, зошто настанал и имало ли грешка можеби, немало ли грешка, кои се обидите сега, како да се справи со ова за да луѓето можат да си добијат рецепти, да си набават лекови, здравствените работници да си добијат плати, тоа е неверојатна брука“, истакна Никола Димитров во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Димитров додаде дека мора да излезе директорот на Фондот за здравство да објасни на јавноста што се случува.

„Не е доволно Владата да каже бараме транспарентност, мора да испорачаат транспарентност. Мора да престанеме да зборуваме во идно време, во „ќе“. Туку веднаш на идната владина седница мора да побараат одговорност на директорот. Е, сега каде е тука проблемот? Се нарушува колачот, дали вицепремиерката има поддршка во партијата и кај своите пратеници, и кај коалицијата за овој тип на одговорност. Имаше и некој друг пример, со службени возила искористени во партиски цели. Државни ресурси, одвоеноста на партијата и државата беше проблем. А, тоа се случи во МНР. А, крајниот епилог беше да најдовме, имало таква злоупотреба ама немаме инструмент како да санкционираме. Мора поприлично голем сатар за тоа што се нарекува партиско политички колач“, нагласи Димитров.

Тој посочи дека носителите на функции треба да бидат одговорни и отчетни пред граѓаните и порача дека на злоупотребите треба да се стави крај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.