Монструмот Заев да се извини за лагите за „Монструм“, бараат од ВМРО-ДПМНЕ потсетувајќи дека Заев со години ги лажеше родителите на убиените деца и нивните роднини дека има друга вистина за „Монструм” и дека други се убијците.

Денеска судот ги потврди казните, а друга вистина не е утврдена. Заев лажеше и манипулираше со чувствата на роднините на убиените, но и на целата нација. Заев ја злоупотреби трагедијата на убиените за политичка корист и нижење на политички поени. Заев лажеше дека поседува докази, докази немаше. Заев лажеше и наведуваше цела јавност лаги и невистини. Заев мора да сноси одговорност. Доколку има грам морал ќе си даде оставка веднаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.