Многу пати пишував за Предлог законот за измени и дополнување на Законот за наставници, но и покрај бројните објави имам впечаток дека некои нешта останаа нејасни за широката јавност, вели професорката Весна Јаневска, која објасни зошто ВМРО-ДПМНЕ смета дека овој закон не е добар за наставниците.

1. Предвидува вработување на наставници на неопределено време без приправнички стаж со што се укинува еден од механизмите за контрола на квалитет и се овозможува партизација во образованието
2. Трансформацијата на работниот однос е решена во затворен круг на градоначалникот, директорот, кој го именува градоначалникот и кој формира училишна комисија за вработување и комисија за трансформација, која ја формира градоначалникот. Ова е основ за политизација на вработувањатра. На ВМРО-ДПМНЕ со оглед на бројот на градоначалници освоени на последните локални избори ова и може да му оди во прилог, однсно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ би можеле да ја искористат ситуацијата во корист на сопствената партија, но решението е лошо и ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува.
3. Законот е крајно дискриминаторски затоа што во членот 25 се предвидуваат различни плати за наставници вработени пред и по изгласување на законот (види слика).
4. Има и други елементи, но најбитните се погоре кажани, вели таа.

Јаневска потенцира и дека Законот не предвидува покачување на платите.

Во законот е дадена категоризација според ниво на квалификации/образование на вработените во образованието како основа за пресметка на плата. Нивото на квалификација е изразено во бодови, што не значи покачување на платата. Пракса е во Македонија МОН и репрезентативниот синдикат да потпишат спогодба за износот на вредноста на бодот на наставниците. Тоа значи дека МОН и синдикатот уште денес/ утре може да потпишат спогодба и платите на наставниците да се покачат. Сè друго е лага. Инсистирањето за донесување на овој закон е за да поминат другите членовите од законот, а не покачување на платата на наставниците, вели Јаневска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.