Министерството за образование и наука ја поздравува одлуката на градоначалникот на општина Градско за разрешување на директорот на основното општинско училиште каде беше утврден случај на врсничко насилство.

Ја охрабруваме локалната самоуправа да продолжи и да ги интензивира активностите за градење на мирна и хармонична училишна средина во која секое дете ќе може да го достигне својот полн потенцијал. Ова всушност е порака и до сите општини и училишни менаџменти во државата, бидејќи насилното однесување меѓу младите не смее да биде опција, велат од МОН.

Оттаму додаваат дека осудуваат секакво насилство во и надвор од училиштата и во таа насока, заедно со Министерството за внатрешни работи, единиците на локалните самоуправи, училиштата, странските партнери и граѓанските организации, во континуитет работат на подигнување на свеста кај младата популација за потребата од толерантно однесување и надминување на конфликти без насилство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.