Една година и три месеци нема ни трага, ниту глас од поранешниот специјалец, Игор Спасов, бегалецот осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски. Глас нема ниту од Обвинителството од Штип, кое исто толку време води постапка за бегството на Спасов. Редакцијата на МКД.мк две недели чекаше одговор на прашањата за оваа предистрага, која по допрен глас беше отворена во ноември, 2019 година, но наиде на молк.

Од Обвинителството не испратија ниту одговор дека можеби предметот е во фаза во која во овој момент информациите не може да се споделат со јавноста, што е вообичаена практика.

Целата сторија на МКД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.