Пратениците Александар Николоски и Антонио Милошоски, како и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев го следеа онлајн 69-от молитвен појадок во Вашингтон, соопштија од партијата.

Оваа година за првпат молитвениот појадок се одржа виртуелно, преку онлајн обраќања поради ковид пандемијата.
Главни говорници беа претседателот на САД Џо Бајден и спикерот на Конгресот Ненси Пелоси.

Во своето обраќање претседателот Бајден нагласи дека овој традиционален настан ги собира и обединува луѓето од различни земји, култури, партии и убедувања. Претседателот Бајден повика на дух на обединување и надминување на разликите.

Претседателката на Конгресот на САД Ненси Пелоси особено се задржа на ковид кризата, која изминатава година ги зафати САД и светот. Пелоси нагласи дека треба да сеќаваме на бројните жртви, како и да им се помогне на тие кои што сеупте страдаат од ковид кризата.

Воедно, за време на Молитвениот појадок имаше поголем број на обраќања на сенатори и конгресмени од редовите на Демократите и Републиканците.
За време на онлајн собирот на учесниците од Европа свои обраќања имаа Милошоски и Ѓорчев, нагласувајќи дека се работи за одличен настан кој што ги обединува и зближува луѓето, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.