Последната бројка на самопопишани е 137.114 и темпото забележливо се зголемува. Во Швајцарија се над 45.000, Германија 31.000, Италија 19.000, САД 5.100, Австралија 1.682 и Канада 1.215.

-За Пописот 2021, за спроведување на теренскиот дел беа потребни 5.055 попишувачи и 550 реонски инструктори. На конкурсите се пријавија над 10.000 граѓани, обезбеден е потребниот број за почнување на пописните активности и за распределба на сите пописни кругови. Во тек е селекцијата на пријавените на последниот конкурс за попишувачи, од нив во 30 реони веќе се избрани и се подготвуваат договори. До утре ќе бидат објавени, а денеска почнува обуката на реонските инструктори, која ќе трае до петок, а тие од недела ќе ги обучуваат попишувачите, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.

Тој  нагласи дека податоците од пописот се доверливи и заштитени по највисоките стандарди. Пописот во услови на пандемија е целосно безбеден и граѓаните треба да бидат спокојни. Здравствениот протокол за пописот го изработи Комисијата за заразни болести изготвен е до најситен детал за да се заштити здравјето и на граѓаните и на попишувачите.

Арсовски посочи дека учеството во пописот е задолжително, кривично се одговара само за поттикнување на бојкот на статистичката операција, тие што ќе одбијат да се попишат ќе им биде почната прекршочна постапка, а казните се до 300 евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.