Мобилниот телефон на Мане Трифуновски, кој беше возач на автобусот кој пред два дена изгуби контрола и излета од патот при што во смрт однесе 14 лица е предаден во Обвинителството каде ќе се проверува дали бил користен за време на несреќата, пренесува ТВ21.
Обвинителството преку листинзи од мобилниот оператор ќе ги проверува повиците и користењето на мобилниот интернет.
Првичните информации од досегашната истрага се од тахографот вграден во автобусот, дека пред да излета од автопатот возел со брзина меѓу 80 и 85 километри на час. Машински инженери ќе проверат дали уредот за мерење брзина била исправен пред да се случи несреќата.
Целата вест прочитајте ја ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.