Министерството за надворешни работи, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат патувања во, или транзит низ таа земјата.

Македонските државјани затекнати во Израел, за сите дополнителни информации или помош може да се обратат до македонската амбасада во Тел Авив на мобилниот број +972549096965 или некој од SOS броевите објавени на веб-страницата на Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.