Ден по изјавата на бугарскиот вицепремиер Каракачанов Министерството за надворешни работи излезе со соопштение во кое не ги потврдува тезите за постоење на анекс договор од 12 точки што Бугарија, според Каракачанов, и го предлага на Македонија како услов за деблокирање на евроинтегративниот процес.

Во соопштението, се нотира дека Македонија и Бугарија често споделуваат свои предлози и видувања во кои ги посочуваат и објаснуваат нивните позиции, а последна велат била комуникацијата на шефот на македонската дипломатија Османи со бугарската министерка Захариева, каде било договорено во текот на следните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план.

-Последен од низата е Акцискиот план за спроведување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 година, кој е предлог од наша страна, a за кој очекуваме овие денови да добиеме одговор и/или предлог забелешки и предлози од страна на Република Бугарија. –соопштуваат од МНР.

Ваквиот допис доаѓа после вчерашниот огромен интерес на јавноста и особено на медиумите ,но во истиот нема ниту еден детал поврзан со тој наводен анекс кој вчераго спомена Каракачанов.

Вчера вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов во интервју за бугаската ТВ НОВА кажа дека Македонија има шанси да ги отпочне преговорите со Европската Унија доколку се согласи да ги прифати 12-те точки содржани во него.

– Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот на договорот што го предлагаме. Таму има 12 точки, кои се многу јасни. Прво, откажување од историските и малцинските претензии, промена на образовниот систем. – Красимир Каракачанов – вицепремиер на Р.Бугарија

Како што информираа македонските власти, претстојнава недела ќе се случи првата од најавениот интензивен сет средби меѓу специјалниот претставник Бучковски и Бугарските репрезенти во обид да се врати довербата за Договорот за добрососедство .На маса ќе биде ставен акцискиот план, или таканаречениот патоказ за имплементација на Договорот, за кој предлози имаат и двете страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.