Министерството за надворешни работи (МНР) ја потврди веста објавена во црногорските медиуми дека 22-годишно момче од Македонија починало во Црна Гора.

Министерството за надворешни работи доби известување од надлежните институции на Црна Гора дека наш државјанин (Е.Х. роден 2000 година во Тетово) му е констатирана смрт во туристичкото место Утјеха“, велат од МНР.

Во тек е обдукција со цел целосно расчистување на случајот од надлежните црногорски институции.

Црногорските медиуми претходно информираа дека момчето се удавило на плажа во Црна Гора каде пристигнало вчера за да работи таму во текот на сезоната.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.