Министерството за надворешни работи не знае колкав број е бројот на македонски државјани во Ирак, иако тие се потенцијално загрозени по нападите на американските бази Ал Асад и Ирбил, објавува „Курир“. Од порталот објаснуваат дека се обиделе да добијат одговор на ова прашање се обидовме од МНР, но од таму речиси цел ден ги прибираат и процесираат информациите, па до сега нема соопштение за бројот на македонски државјани кои се наоѓаат во Ирак, нивната состојба, како и евентуален план за нивна евакуација доколку е потребна.

Од Генералштабот на АРМ за „Курир“ кусо потврдија дека во базите во Ирак нема македонски мировници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.