Министерство за надворешни работи не било информирано за намерата за изготвување или за промовирањето на маркетиншкиот слоган „Macedonia the GReat“ завчера во Солун. Велат дека со овој чин се подрива меѓусебната доверба.

Ние цениме дека на ваквите прашања треба да им се пристапува преку дијалог и со советодавна и експертска асистенција на меѓународната група експерти за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитни знаци. Унилатералниот пристап може да доведе до подривање на меѓусебната доверба и да има негативно влијание врз досегашните напори и постигнати резултати меѓу двете држави, велат од МНР.

Слоганот „Macedonia the Great“, го презентираше лично грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на самитот во Солун, на кој беше поканет и македонскиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.