Министерството за надворешни работи предводени од министерот Никола Димитров за четири дена, во услови на вонредна состојба во државата поради корона вирусот има потрошено милионипол денари за патувања во странство, покажуваат табелите објавени на социјалните мрежи. Според нив МНР со 1.457.517 денари е на врвот на листата според потрошени средства. Потоа доаѓа Министерството за одбрана, предводено од Радмила Шкеринска со 1.042.398 денари. Вкупно биле потрошени 73.475 евра за патувања во странство во период од 17 до 20 март годинава. Каде и со што патувале во странство во период на криза е отворено прашање.

Висока е и потрошената сума за репрезентација во овој период. Според листата унституциите потрошиле 50.053 евра во период кога лидерот на партијата на власт, Зоран Заев предлага кратење на платите на администрацијата поради кризата во која се наоѓа земјата со корона вирусот. Повторно на врвот е министерството предводено од Димитров – 1.100.058 денари, а потоа Одбрана на Шекеринска со 361.183 денари.

За ова вечерва во своето гостување во МТВ зборуваше и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Од една страна трошат 8 милиони денари за 4 дена, помеѓу 17 и 20 март за репрезентации и за патувања во странство, а од друга страна ни велат ќе покриваме аражмани на туристички агенции и ќе кратиме плати во администрацијата, на што личи тоа? Зар они мислат дека за овие две недели од што не се симнуваат од прес конференции народот ќе им ги заборави овие три години. Нека не се лажат, дециден е Мицкоски.

Шекеринска пак ги демантираше ваквите тврдења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.