За Кралството Саудиска Арабија Република Македонија не е северна, но е поранешна југословенска. На визите што им ги издава во Амбасадата на Саудиска Арабија во Тирана на муслиманите кои се подготуваат да заминат на аџилак во графата за државјанство пишува Поранешна Југословенска Република Македонија, иако барањата за визи се доставуват со новото име Република Северна Македонија.

Од Министерството за надворешни работи (МНР) за весникот Коха велат дека за конректниот случај ќе реагират до надлежните институци во Саудиска Арабија, со цел да се исправи ова дипломатска грешка.

Министерството за надворешни работи веднаш по стапувањето на сила на Конечната спогодба со Грција ги презеде сите неопходни чекори со што беа известени сите држави со кои Република Северна Македонија има воспоставено дипломатски односи за промена на уставното име. За конкретниот случај, Министерството за надворешни работи повторно ќе ги извести органите на Саудиска Арабија да се придржуваат кон веќе поднесените информации и барања од наша страна, стои во одговорот од МНР за Коха.

Интересно е што МНР конечно решило ревносно да реагира откако досега не реагираше за многу поголеми и посуштински прекршувања и на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство со Бугарија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.