Министерството за надворешни работи на Република Македонија ја потврди смртта на дипломатката од македонската мисија во ОН, која синоќа беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Њујорк.

„Од Постојаната Мисија на Република Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата“, велат од МНР.

Веста во САД прва ја објави ТВ Фокс њуз, а според телевизијата, се работи за самоубиство на дипломат.

Полицијата ја пронашла дипломатката М.В. (39) од Скопје со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви. Немало никакви знаци на насилство, соопшти полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.