Министерството за надворешни работи соопшти дека во соработка со стратешкиот партнер САД, како и останатите НАТО сојузници ги повикуваат сите страни во Авганистан, да овозможат безбедно напуштање на земјата од страна на заинтересираните странски државјани кои во моментов се наоѓаат таму, како и на жителите на Авганистан кои сакаат да ја напуштат земјат.

Имајќи ја предвид сериозно влошената безбедносна ситуација во Исламската Република Авганистан, Министерството за надворешни работи во соработка со стратешкиот партнер САД, како и останатите НАТО сојузници ги повикува сите страни во Авганистан, да го почитуваат и овозможат безбедното напуштање на земјата од страна на заинтересираните странски државјани кои во моментов се наоѓаат таму, како и на жителите на Авганистан кои сакаат да ја напуштат земјата. Оние субјекти и организации кои се позиција на сила и власт во земјата треба да ја носат и одговорноста за заштита на човечките животи, како и за итно возобновување на безбедноста и стабилноста на земјата, стои во соопштението.

Министерството за надворешни работи, воедно посочува дека продолжува внимателно да ја следи состојбата во Авганистан и да презема чекори во насока на заштита на државјаните на Република Македонија кои се наоѓаат на територијата на земјата.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на фб профилот објави дека остварил контакт со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу од кого добил уверување дека доколку има потреба ќе помогнат при извлегување на македонските државјани од Авганистан. Од МНР вчера наведоа дека во Авганистан има околу 100 наши државјани, и оти засега сите се на безбедни локации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.