Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски постави неколку отворени дилеми за правосудството кои произлегуваат од денешната одлука на Апелација да ѝ дозволи куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот Рекет.

Зоран Заев вети дека ќе го отвори судството како пупка… секој ден гледаме на што мислел. Што е со инспираторот за Рекет, или тука на неколкумина ќе запре се? Што е со парите од куферот, што е со предупредувањето до обвинетите дека се пријавени, што е со многу прашања на кои јавноста нема одговори. Многу поминавме уште малку остана. Правда ќе има и таа ќе важи за сите. Доаѓаат и одговорите на дилемите. Обновата доаѓа!, порачува Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.