Веста дека младиот Кујтим Фејзули со потекло од Челопек учествуваше во терористичкиот напад во Виена предизвика вознемиреност во ова тетовско село, со оглед дека речиси сите го познаваат неговото семејство. Со тешко срце и едвај зборуваа со новинарите за нападот и сметаат дека тоа е лоша слика за селото и за земјата.

Јас не го знам Кујтим, тој е роден во Австрија, но го знам татко му Јусуф. Тој пред многу години замина во Хрватска на работа и таму долго време престојувал, а потоа со семејството отишол во Австрија. Многу добро семејство се. Сега во селото нема никој од нивното семејство. Кујтим, тој што пукал, никогаш не бил во Челопек. Зошто го направил тоа не знам. Тој во декември бил пуштен од затвор во Австрија, па сега слушнавме дека таму имало некоја група, но дали тоа влијаело врз него, навистина не знам. Жал ми е за тие што загинаа таму. Кога утрово прочитав за ова, бев многу загрижен како тоа ќе се одрази на нас овде во селото и уште повеќе на сите оние од Челопек кои живет во Виена и Австрија, а нив ги има многу. Ова што тој го направил е голем срам, вели кафеџијата од селската кафеана на ценатарот во селото.

Челопек е село кое е на десетина километри од Тетово, на падините на Сува Гора, со поделба на Горни и Долни Челопек.

Дваесетгодишниот Кујтим Фејзули беше убиен од полицијата откако претходно беа убиени четири лица и дваесетина беа ранети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.