ДУИ не знае што се внатрешните реформи, не знае што е елементарна одговорност, не знае, ниту пак сака да знае дека таму е за да ја развива земјата и да го подобри целокупниот живот. Зборовите економија и развој за нив се непознати, изјави за „Журнал“ универзитетскиот професор и советник на премиерот Зоран Заев, Мерсел Биљали по актуелните несогласувања меѓу владините коалициски партнери, откако не му беше одземен имунитетот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски.

Еден дипломат ми кажа дека ДУИ наликува на сатанистичка секта која постои само за себе, која крајно го осиромашува својот народ, кој веќе е принуден да го одалечи најболниот дел од семејството, своите деца. Многу дипломати сега отворено велат дека ДУИ е рак на државата и на самите Албанци, вели Биљали и додава дека како што сега функционираат, не може да продолжи уште долго бидејќи ова директно води кон враќање на груевизмот на власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.