Македонската медиумска асоцијација го замрзна членството на телевизија „Алфа“, објави телевизијата.

Според информациите на „Алфа“, оваа одлука била донесена на вчерашниот состанок со другите национални телевизии членки, на кој директорот на „Алфа“ не бил присутен.

Зошто замрзнувањето е ставено на дневен ред на состанокот, официјално образложение нема. Побаравме изјава од претседателот на ММА, директорот на „Телма“ Атанас Кировски, кој одговори дека додека не биде готов записникот од состанокот нема да дава образложенија. Засега нема одговор кои се причините за замрзнување на членството на нашата телевизија, кој од членовите односно останатите директори е иницијатор за ваквата одлука, и зошто „Алфа“ не е известена за да има можност да реагира, велат од телевизијата „Алфа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.