Во вечерашното издание на дебатниот магазин “Click Plus” на ТВ21 жителите на Арачиново рекоа дека им било ветено дека ќе бидат вработени 300 пилоти од Арачиново.

Најголемата лага е дека ќе се вработат 300 пилото од Арачиново, рече жителот на Арачиново.

Новинарот во неверување прашува, кој тоа им ветил дека ќе бидат вработени 300 пилоти, на што жителот од Арачиново експлицитно одговара дека такво нешто им ветил Социјалдемократскиот сојуз кои сега се на власт.

Ми рековте зад камерите и да ти кажам право не разбрав убаво. Сега кој ви ветил дека ќе вработи 300 пилоти, прашува новинарот на Тв21.

Овие што се на власт сега. Социјалдемократскиот сојуз, да. Значи тоа е најголемата лага што можеш да му ја кажеш на човек, ќе одиш пилот. Се случило и тоа тука во нашето село. Празни ветувања. На младината од Арачиново и останува само да одат по странски амбасади, да бараат визи и да си одат сите од тука, рече младиот жител на Арачиново.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.