Шест години од смртта на новинарот Никола Младенов. Роден е на 10 март, а загина на 26 во сообраќајна незгода.

Неговата сопруга Билјана Младенова вечерва првпат зборува јавно за смртта на сопругот во гостување на 1ТВ.

Младенова вели дека нема нови моменти за истрагата за сообраќајната несреќа на Никола Младенов иако владата на Заев во програмата од 2017 година стави дека институциите ќе помогнат за неколку судски процеси да се дознае вистината, но овие две години не е спомнат случајот.

Сознанијата со кои јас располагам не ја менуваат претходната фактичка состојба дека Никола загина во сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина, согласно условите на патот. Јас ја разбирам добрата намера на сегашната влада. Луѓето ја изгубија целосно довербата во институциите на системот. Тоа дополнително ги подгреваше сомнежите не само за сообраќајната несреќа на Младенов. Тоа не беше констатација само на граѓаните, туку и од целокупниот меѓународен фактор, добивме оценка дека нашиот правен систем е урнисан и имаме заробена држава. Да бидам децидна. Причината за трагичната сообраќајна несреќа е брзината. Апсолутно немам сомнеж дека стои нешто покрупно, рече Младенова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.