Млад пациент на само 27 години од Куманово починал на Инфективната клиника во Скопје од ковид-19, потврдија од Министерство за задравство за „МКД.мк“.

Момчето било примено на Инфективната клиника во исклучително тешка состојба, а пред тоа неколку дена се лекувал дома, бил под надзор на матичен лекар, а 2 дена бил лекуван амбулантски во Кумановската болница.

27-годишниот пациент, почина на Клиниката за инфективни болести каде беше примен во исклучително тешка состојба. Пред да биде донесен на Клиниката, 6 дена се лекувал дома, 4 дена бил под надзор на матичен лекар, а 2 дена бил лекуван амбулантски во Кумановската болница. Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50% пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација. Пациентот немаше хронични заболувања освен покачена телесна тежина, стои во одговорот на Министерството за здравство за „МКД.мк“

Од таму известуваат дека и вчера починал 35 годишен пациент од коронавирусот без никакви претходни заболувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.