Mинистерството за труд и социјална политика и Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата земја и понатаму ќе градат релации на соработка во областите во кои имаат допирни точки. Ова го констатираа министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Моника Сандри.

На средбата, позитивно била оценета досегашната соработка на УНХЦР и МТСП и во таа насока се разговарало за тековните програми на Канцеларијата на УНХЦР во земјата и во светот, како и потребата за продлабочување на солидарноста на државите во решавањето на прашањата поврзани со бегалците и лицата без државјанство.

Мизрахи и Сандри заклучиле дека постои потреба да продолжи соработката за зајакнување на соодветните системи. На овој начин тие би биле во согласност со меѓународните стандарди и визијата на Агендата за одржлив развој 2030, која го носи мотото „никој да не биде изоставен“.

Исто така, биле разменети мислења и за состојбата со бегалците и мигрантите во регионот и пошироко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.