Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, во гостување во емисијата „Само вистина„ на Канал 5 телевизија, во однос на оставката на Зоран Заев од премиерската и партиската позиција, изјави дека смета дека најавата за оставка е стратешки планирана и истата е во насока на барање на стечаен управител на државата.

Во однос на можната коалиција помеѓу СДСМ-ДИУ и Алтернатива, Мизрахи вели дека не би навлегувала се додека такво нешто не се официјализира, додавајќи дека мислела дека претседателот на Алтернатива Африм Гаши има свои принципи и вредности и дека партијата Алтернатива е всушност спротивно од политиките на ДУИ, посочувајќи дека не знае каква алтернатива ќе понуди доколку седне на иста маса со ДУИ.

Не би навлегувала во тоа додека не видиме официјално кој ќе биде договорот помеѓу СДСМ-ДУИ и Алтернатива. Но Алтернатива има интересно име и јас колку што знам името го добија по нивната политика и требаше да претставува Алтернатива од политиките на ДУИ во албанскиот блок. И сметав дека господинот Гаши како политичар има свои вредности и принципи да ја задржи својата вредност и на својата партија како алтернативна. Сега не знам каква алтернатива на ДУИ истиот ќе претставува кога ќе биде седнат во влада заедно со ДУИ каде што ќе треба да ги поддржува и политиките кои што се политики на ДУИ, и тоа ќе биде многу интересно да се гледа од страна – изјави Мизрахи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.