Власта истото насилно сценарио за моето разрешување од министерска функција, сега го применува и кон министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, рече во вечерашната „Заспиј ако можеш“ на Алфа кандидатката за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ2 Рашела Мизрахи, која потенцираше дека сега Наќе им е виновен за сè.

Народот препозна дека нема никакво дело за кое треба да бидам разрешувана, дека целото изгледаше како едно насилно сценарио, во кое јас бев виновна за сè, апропо на тоа сега гледам министерот Наќе Чулев е исто виновен за сè, вели Мизрахи.

Таа критикуваше дека не може на власта еден човек да ѝ биде виновен за сите работи, како и тоа дека власта помпезно ја злоупотребува својата положба со конкретен план за да се нанесе штета на поединци, како во случајот со нејзиното разрешување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.