Рашела Мизрахи потекнува од старо скопско еврејско семејство, кое веќе 500 години живее во Македонија. Македонка сум, родена тука. Примарното образование го имам завршено во Македонија, а потоа го продолжив во Канада и Израел. На изралескиот универзитет докторирав биохемиски науки. По докторатот требаше да продолжам на постдокторски студии во Норвешка, но решив да се вратам во мојата родна Македонија и тука да го продолжам предизвикот на мојот живот. Јас сум човек која сака да се соочува со предизвици, а исто така и човек кој сака тимска работа. Дефинитивно сум феминстка која верува во капацитетот и силата на жените. Особено во капацитетот на жените во Македонија. Ние имаме некоја генетска предизпозиција да знаеме да сработиме работи. Инаку сум човек кој своите размислувања секогаш ги базира на статистиката и силно верува дека без статистика и скенирање на може да се напраави аналитика, ниту пак да се изменаџира некој процес. Исто така силно осудувам аналитика која не е базирана на статистика и референци – вели во интервјуто за телевизија Алфа, техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Таа кажа и зошто се нафатила за оваа функција

Во однос на она што предвидуваме да направиме во министерството за труд и социјала, се нафатив на оваа работа, заради тоа што како што знаете, чест и одговорност е довербата која што се доверува во рамки на вака значајно министерство, министерството за труд и социјална политика. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ верува во моите менаџерски сопсобности. Јас лично верувам во моите менаџерски способности. Имам сознанија дека во министерството има висококвалитетни луѓе кои долги години работат таму и секако имам  свој тим со кој ќе влезам и ќе се соочиме со се што следува – вели Мизрахи.

Министерката за труд и социјална политика свесна е за тежината на одговорноста која ја има, но сака предизвици.

Како што кажав, јас мојата работа ја базирам на статистика  од која ќе уследи одредна аналитика. Министерството за труд и и социјална политика е министерство на проблеми. Не само во Македонија, туку и секаде во светот. Во Македонија гледаме наталожени проблеми, кои што не се само од изминатите 3 години, туку таложени со децении наназад, и се повеќе и повеќе се продлабочувале.Сето тоа кулминира во нефункционален и трул систем кој е полн со корупција и криминал и конечно резултатот од сето тоа го гледаме сите ние, а тоа е сиромаштијата и иселувањето – вели Мизрахи.

Таа вели дека волшебно стапче, но ќе направи се да успее во нејзината мисија.

Не би можела да кажам дека имам магично стапче со кое ќе ги решам сите проблеми, посебно во вака краток период од три месеци, меѓутоа можам да гарантирам дека министерството ќе продложи да работи со квалитетен кадар. Го ценам единствено квалитетот во рамки на тимовите со кои соработувам. Ќе бидеме заштитници на правата и желбите на граѓаните. Ќе создадеме база од која ќе може да се почне со континуирана, силна работа во министерството и после 12 април. Нема да дозволиме кршење на уставот и законите. Ќе работиме исклучиво согласно законите, уставот и и меѓународните ратификувани договори. Конечниот резулатат би бил опшетество кое не живее во сиромаштија. Нашиот народ не е сиромашен. Нашиот народ е богат и душата му е богата. Во иднина очекувам пополека да ги елиминираме  проблемите на сиромаштијата и ќе тргнеме од општество на сиромашни, кон општество на среќни луѓе – најавува Мизрахи.

После се, таа очекува да го сочува  чистиот образ.

Очекувањата се едно, реланоста друго, но очекувам да ја задржам мојата чест, образ и она што е квалификувано како добро дадено на доверба од претседателот на ВМРО ДПМНЕ – заклучи министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.